Американската владина агенција за имиграција (ICE) се подготвува за „масовна операција“ на депортации кога Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, пишува „Њујорк пост“.
Како што рекоа на овој медиум, близок до Републиканската партија во САД, од извори блиски до ICE, операцијата ќе започне низ целата земја на 21 јануари, ден по инаугурацијата на Трамп.
Фокусот ќе биде ставен на градовите каде што „раководството не соработува со релевантните агенции“, кои се места каде политичарите од Демократската партија се на власт.
Приоритет ќе имаат имигрантите кои имаат активни наредби да ја напуштат земјата, но не е исклучено проширување на операциите и на други лица за кои постои сомневање дека илегално влегле во САД.
Трамп го назначи Том Хоман, кој претходно опширно зборуваше за овој тип на операции, на неформалната позиција на „граничен цар“.
Сепак, овде треба да се нагласи дека прашањето за имиграцијата и депортацијата е исклучително сложено и се очекува дека демократите ќе ги искористат сите правни и политички средства за да ги запрат овие операции или барем да ги ублажат.
Овие функционери често велат дека овие најави се „незаконски“ и забележуваат дека лицата осомничени за илегално минување на границата имаат право на целосно судење пред американските судови.
„Њујорк пост“ забележува и дека Хоман претходно најавил дека првите големи операции ќе започнат во Чикаго, а нивните извори велат дека во овој град веќе се подготвени 200 агенти.