Трамп: За масовните убијци мора да има смртна казна

by Fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му нареди на Министерство за правда да предложи такви закони кои ќе обезбедат оние кои ќе сторат масовни убиства и злосторства од омраза да се соочат со смртна казна, како и овие најстроги казни да бидат одлучно и брзо спроведени.

Во обраќањето од Белата куќа по двата смртоносни напади во Тексас и Охајо, Трамп додаде дека партиската припадност во таквите случаи мора да биде оставена настрана и да се биде единствен во осудата бидејќи тие „варварски масакри претставуваат напад врз нашата заедница, врз нашата нација и злосторства против човештвото, пренесе Еј-Би-Си њуз.

То предупреди и на опасноста што ја носат интернетот и социјалните мрежи,  како и на бруталните крволочни видео игри, кои, како што кажа, се одговорни за „глорификацијата на насилството во нашето општество“.

Поврзани новости