Републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека првото обраќање на претседателот Џо Бајден до нацијата откако тој одлучи да се откаже од трката за нов мандат е „едвај разбирливо“ и „многу лошо“.
Тој изјави и дека го победил Џозеф Бајден пред три дена, кога американскиот претседател одлучи да се повлече од претседателската трка.
– Говорот на корумпираниот Џо Бајден во Овалната соба беше едвај разбирлив и многу лош – оцени Трамп.
Републиканецот додаде дека „расипаниот Џо“ и „лажливата Камала (Харис)“ се срам за Америка.
Додека Бајден и се обраќаше на нацијата, меѓу оние што гледаа беше и Трамп. Тој го гледаше 10-минутното обраќање на Бајден од неговиот предизборен авион, додека ја напушташе Северна Каролина по митингот. Според првите фотографии, Трамп со внимание го слушал говорот, јави Гласот на Америка (VOA).