Трамп за авиолинијата Приштина- Белград: Уште една победа

by Fokus

Претседателот на САД, Доналд Трамп го поздрави воспоставувањето на авионската линија Белград-Приштина и рече дека се работи за уште една победа.

-Сите велеа дека не може да се случи. Но за прв пат во една генерација, ќе има директни патувања помеѓу Србија и Косово. Уште една победа. Благодарение на амбасадорот Роберт О Брајан како и амбасадорот Ричард Гренел- напиша Трамп на Твитер.

Исто така и американскиот амбасадор во Берлин, Ричард Гренел, воспоставувањето на авиолинијата, ја нарече како историска победа на Доналд Трамп.

 

Поврзани новости