Трамп: Војската на САД се борела со авиони во време кога тие не постоеле

by Fokus

Американскиот претседател, Доналд Трамп, направи кардинална грешка за време на говорот по повод Денот на независноста. Во еден момент, тој ги пофали американските војници, за кои рече дека преземале аеродроми од Британците за време на револуционерната војна во доцните 1700-ти.

Трамп ова го кажа за време на едночасовниот говор кај меморијалниот центар на Линколн во Вашингтон, при што стана првиот американски претседател во последните речиси 70 години кој токму од тоа место и се обратил на нацијата на Денот на независноста.

Во јуни 1775 година, Континенталниот конгрес создаде обединета армија од револуционерните сили околу Бостон и Њујорк. Континенталната армија претрпе остра зима во долината Форџ, се прослави преку водите на Делавер и поведи во Јорктаун, рече Трамп наведувајќи ги успесите на американската војска.

„Нашата армија го контролираше воздухот, уриваше стратешки објекти, ги презеде аеродромите, направи се што можело да се направи. Под црвениот сјај на ракетите во битката во Форт Мекхенри, ништо друго не било возможно, освен победа“, рече американскиот претседател.

Присутните наскоро сфатиле дека летови на авиони во САД не се забележани до почетокот на 1900-тите. Браќата Рајт, кој претходно Трамп ги пофалил во својот говор, се заслужни за првото прелетување на авион во светот во 1903 година.

Поврзани новости