Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги засили обвинувањата дека владата на актуелниот претседател Џо Бајден ја инструментализира правдата споредувајќи го со Гестапо, политичката полиција н нацистичка Германија, пренесуваат денес американските медиуми.
Републиканскиот кандидат за претседателските избори во ноември тоа го кажал вчера за време на состанок со функционери на својата партија на својот имот Мар а Лаго на Флорида, според аудиоснимка кој на американските медиуми им ја доставил донатор на кампањата. Соочен со четири посебни кривични постапки, Трамп повеќе пати го осуди „ловот на вештерки“. Тој тврди дека сè е смислено од владата на демократите за да го елиминира од претседателската трка.
Пред публиката составена од републикански функционери и донатори, тој ги обвинил демократите дека „ја водат администрацијата слично на Гестапо“, и уште еднаш ги навредувал обвинителите кои ги истражуваат случаите против него, според коментарите на кои се повикуваат медиумите.