Трамп: Утре ќе издадам наредба за продолжување на рокот за TikTok

by Fokus

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека планира утре да издаде извршна наредба со која на кинеската матична компанија на платформата TikTok ќе и даде повеќе време да најде купувач пред таа трајно да биде забранета во САД.

„На тој начин ќе можеме да постигнеме договор за заштита на нашата национална безбедност“, рече Трамп, додавајќи дека би сакал САД да имаат 50 отсто сопственички удел во заедничката платформа со сегашните или новите сопственици.

„На тој начин ќе го спасиме TikTok, ќе го чуваме во добри раце и ќе му дозволиме слободно да се изразува. Без одобрение од САД, нема TikTok. Со наше одобрение, тој вреди стотици милијарди, можеби трилиони долари“, напиша Трамп.

Поврзани новости