Трамп: Тврдењата на медиумите дека сакаме да го претвориме Иран во парчиња се претерани

by Fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека се крајно преувеличени тврдењата на медиумите дека САД и Израел работат на претворање на Иран во „парчиња“, наведувајќи дека тој е за нуклеарен мировен договор со Техеран.

„Сакам Иран да биде одлична и успешна земја, но не смее да има нуклеарно оружје. Наводите дека САД, во соработка со Израел, сакаат да го претворат Иран во парчиња се крајно претерани. Повеќе би сакал да имам нуклеарен мировен договор што ќе му овозможи на Иран да расте и да се развива во мир. Треба веднаш да почнеме да работиме на тоа, да имаме голема мировна прослава на Блискиот Исток кога ќе заврши се. Господ да го благослови Блискиот Исток“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа Truth.

Трамп претходно повторно предложи Палестинците да бидат раселени од Појасот Газа во Египет и Јордан, што другите земји го одбија.

Тој додаде дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како нова „ривиера на Блискиот Исток“.

По средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп изјави дека решението на иранското прашање, доколку може да се постигне без војна, би било „огромен успех“, но дека ќе се види како понатаму ќе се развива ситуацијата, пренесува Танјуг.

Поврзани новости