Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека новите царини на увозот од Канада, Мексико и Кина можат да предизвикаат краткорочни економски потешкотии за американските граѓани, но оцени дека мерките се неопходни за справување со илегалната имиграција и трговијата со дрога.
– На краток рок, можеби ќе почувствуваме мала болка, но луѓето го разбираат тоа. На долгорочен план, ние сме ограбувани од речиси секоја земја во светот, оцени Трамп.
Во меѓувреме, Трамп најави дека денеска ќе разговара со канадскиот премиер Џастин Трудо и со мексиканската влада за новите царини, но не очекува големи промени.
– Ќе разговарам со Трудо утре наутро, како и со мексиканската влада, но не очекувам нешто сериозно. Воведуваме царини затоа што тие ни должат многу пари, истакна синоќа Трамп.