Трамп треба да плати 355 милиони долари за фалсификување на вредноста на имотот

by fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп мора да плати казна од 354,9 милиони долари за фалсификување на вредноста на неговиот имот за да добие подобри услови со банките, одлучи судот во Њујорк.

На Трамп, исто така, му е забрането да биде претставник или директор на која било компанија во Њујорк во следните три години, пренесува Ројтерс.

Адвокатката на државата Њујорк, Летиша Џејмс, во тужбата наведе дека Трамп и неговата семејна компанија лажно го надувале своето нето богатство до 3,6 милијарди долари годишно со цел да ги измамат банките и да добијат подобри услови за заеми.

Трамп ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи го случајот „политичка одмазда против обвинителката Џејмс“, која е демократ.

Се очекува Трамп да поднесе жалба на пресудата.

Судијата Артур Енгорон ја донесе пресудата по два и пол месеци сведочење на 40 сведоци, меѓу кои и самиот Трамп.

Поврзани новости