Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тајно му испратил апарати за тестирање корона на рускиот претседател Владимир Путин во раните фази на пандемијата за негова лична употреба, наведува американскиот новинар Боб Вудворд во неговата нова книга што ќе биде објавена следната недела.
Вудворд понатаму наведува дека Путин потоа побарал од Трамп никому да не кажува за таа испорака, објавија денеска американските медиуми.
„Не сакам никому да кажувате бидејќи луѓето ќе ви се налутат“, наводно рекол Путин тогаш.
Вудворд истакнува дека контактот меѓу Трамп и Путин продолжил и по заминувањето на Трамп од Белата куќа и дека оствариле седум приватни повици, објави Гардијан.
Вудворд (81) пишуваше за скандалот Вотергејт, кој доведе до оставка на Ричард Никсон како претседател на САД во 1974 година.
Тој има напишано три книги за Трамп, а во својата нова книга насловена „Војната“, Вудворд ги испитува клучните настани откако Џозеф Бајден стана претседател на Соединетите Држави, вклучително и војната во Украина и војната во Појасот Газа.
Книгата ќе биде објавена следната недела, а делови од неа објавија Вашингтон пост и Си-Ен-Ен.