Од канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен соопштија дека екс претседателот на САД,Доналд Трамп создал лажни очекувања за неговото апсење и ги навел републиканците во Конгресот да се мешаат во истрагата на обвинителството за поранешниот претседател.
– Вашето писмо е истрага без преседан во локалната тужба која е во тек. Писмото стигна дури откако Доналд Трамп создаде лажно очекување дека ќе биде уапсен следниот ден, а неговите адвокати ве поттикнаа на интервенција – напиша во писмо окружниот обвинител Алвин Брег, до тројцата републиканци во Претставничкиот дом.
Големата порота која Брег ја свика во јануари почна со сослушување на докази за улогата на Трамп во поткупувањето на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред претседателските избори во 2016 година, на кои победи Трамп. Даниелс изјави дека добила пари во замена да молчи за сексуалната врска што ја имала со Трамп, во 2006 година.
Екс адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, рече дека ги испратил парите по налог на Трамп за да купи молк за вонбрачната врска на тогашниот претседателски кандидат.
Трамп тврди дека е невин и оти истрагата е политички мотивирана.