Трамп со сериозно предупредување до Хамас: Ако не ги ослободат заложниците ќе следи пекол

by Fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку до сабота напладне не бидат вратени сите заложници кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас во Газа, тој ќе предложи да се прекине примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе настапи пекол.

Тој им се закани и на Јордан и Египет дека би можел да ја запре помошта за нив, доколку тие не ги примат палестинските бегалци кои се преселуваат од Газа, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Хамас Абу Обеида во понеделникот објави дека милитантната група ќе го одложи ослободувањето на израелските заложници, закажано за сабота, бидејќи Израел ги прекршил условите од договорот за прекин на огнот.

Тој рече дека ослободувањето на заложниците ќе биде „одложено до понатамошно известување, додека окупаторот ретроактивно не ги преземе и исполни обврските од претходните три недели“.

Абу Обеида рече дека Израел го одложил враќањето на раселените жители на Појасот Газа на север од енклавата и отворил оган врз нив, а исто така, додаде тој, го попречил протокот на хуманитарна помош во Газа.

Поврзани новости