Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека земјата е во сериозна неволја.
Трамп рече дека САД се во пекол. Според неговото мислење, до тоа довела политиката на американскиот претседател Џо Бајден.
„Нашата земја е во сериозна неволја. Немаме повеќе победи. Џо Бајден дозволи нашата земја да се лизне во пеколот“, истакна политичарот.
Трамп претходно изјави дека неговиот наследник Бајден не е попаметен од шестгодишно дете.
Екс претседателот на САД е убеден дека актуелниот американски претседател е корумпиран, неспособен и компромитиран.
Во септември беше објавено дека во САД бројот на поддржувачите на Бајден и Трамп на изборите е изедначен.
Според резултатите од анкетата на Ројтерс меѓу Американците на претседателските избори, актуелниот американски претседател и поранешниот шеф на Белата куќа би добиле ист број гласови – по 39 отсто.