Трамп се заканува со укинување на образованието за децата мигранти

by fokus

Децата мигранти во САД наскоро би можеле да ги изгубата правата на школување, спортски активности и правна помош во засолништа, објави „Њујорк тајмс“.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе почне да го ограничува, па дури и укинува правото на образование, правна помош и рекреација за децата мигранти, со оправдување дека има финансиски ограничувања наметнати од „кризата на границата“.

Досега децата мигранти во прифатните центри имаа организирана настава по англиски јазик, математика и други предмети. Но со одлуката за намалување на трошоците на децата ќе им биде давано само најнужното за да преживеат.

Поврзани новости