И реков на ЕУ дека мора да го реши својот огромен дефицит со САД со купување на нашата нафта и гас во поголем обем. Инаку, ќе бидат наметнати царини, напиша Доналд Трамо во порака на неговата социјална мрежа. Според Франс прес, Трамп всушност треба да мисли на трговскиот дефицит на САД со ЕУ, а не обратно.
Увозот на стоки од ЕУ изнесувал 553,3 милијарди долари (533,17 милијарди евра) во 2022 година, додека извозот на САД во ЕУ изнесувал 350,8 милијарди долари (338,04 милијарди евра), според податоците на САД, што претставува трговски дефицит од 202,5 милијарди долари (195,13 милијарди евра) за САД, а не за ЕУ.
Трамп, кој ја презема функцијата во јануари, се закани дека ќе наметне строги тарифи односно царини на трговските партнери на САД, вклучувајќи ги Канада, Мексико и Кина, што би можело да има последици врз глобалната економија.