Доналд Трамп најави дека ќе се врати и повторно ќе одржи митинг во Батлер, Пенсилванија, каде што беше пукано во него.
Кандидатот на републиканците на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп најави дека ќе се врати и повторно ќе одржи митинг во Батлер, Пенсилванија, каде што беше пукано во него.
„Ќе се вратам во Батлер, во Пенсилванија, на голем и преубав митинг“, порача Трамп на социјалните мрежи.
Тој не посочи кога планира да го направи тоа.
Атентатот на поранешниот американски претседател го изврши Томас Метју Крукс на предизборен собир во Пенсилванија на 13 јули, по што Трамп беше ранет во десното уво, беше убиен еден негов поддржувач, а други двајца беа ранети.
Трамп на митингот во Шарлот, Северна Каролина, рече дека за атентатот придонеле и неговите противници – демократите, бидејќи го нарекле „закана за демократијата“.