Американскиот претседателски кандидат – Доналд Трамп се сретна со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Њујорк и рече дека доколку победи на претседателските избори, ќе се обиде да најде „добро“ решение за украинскиот конфликт за двете страни дури и пред инаугурацијата на 20 јануари.
– Мислам дека, ако победиме, многу пред 20 јануари, кога и официјално ќе станам претседател, ќе најдам добро решение за двете страни. Дојде време – рече Трамп на самиот почеток на средбата, која беше отворена за медиумите.
Тој рече и дека во случај да победи на изборите е подготвен да соработува со демократите за да се реши украинската криза.
Инаку, Трамп се согласи да се сретне со Зеленски откако украинскиот претседател му испрати писмо во кое изрази желба за средба.
Инаку, Трамп за време на својот говор на своите митинзи го критикуваше Зеленски нарекувајќи го „трговец“, бидејќи секоја посета на украинскиот претседател на Америка завршуваше со мултимилионска помош од Вашингтон за Киев.