Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес од редовите на демократите, Ненси Пелоси соопшти дека Конгресот и официјално ја започнува истрагата против претседателот на САД ДОналд Трамп после новите обвинувања дека тој ја ограничил американската воена помош за Укарина и вршел притисок врз украинскиот претседател Украинците да отворат истрага за синот на неговиот потенцијален противкандидат на претседателските избори идната година – Џо Бајден.
-Претседателот мора да одговара за своите постапки. Никој не е над законите – изјави Пелоси во обраќањето од зградата на Конгресот, која истакна дека Трамп сериозно го прекршил Уставот и неговите потези претставуваат предавство на национална безбедност.
Трамп негираше дека ја користел американската помош како средство за притисок врз Украина, правдајќи го својот потег со неговата наводна желба да ги вклучи и европските земји во испраќањето на помош за Украина. Но, тоа не беше доволно да ги увери демократите кои на крајот одлучија да отворат постапка која може да резултира со отворање на постапка за импичмент на Трамп.