Поранешниот американски претседател Доналд Трамп им се предаде на властите во Џорџија под обвинение за заговор за поништување на резултатите од изборите во државата во 2020 година. Трамп по апсењето плати кауција од 200.000 долари за да биде ослободен од затворот во Атланта додека го чека судењето.
Потоа, тој го опиша случајот како „травестија на правдата“, а ова беше негово четврто апсење во последните пет месеци.
Трамп тврди дека случаите против него се политички мотивирани бидејќи тој ја предводи трката на републиканците на претседателските измори следната година.
Трамп беше префрлен во затворот во округот Фултон, каде се задржал околу 20 минути, а заведен е како затвореник со број P01135809.
Тој е првиот поранешен американски претседател на САД за кој е направена и полициска фотографија при апсењето. Пред да замине дома, тој им рече на новинарите на аеродромот дека има право да го оспори резултатот од гласањето.
„Мислев дека изборите се наместени избори, украдени избори“, рече Трамп.