Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека бил саркастичен кога предложил корона вирусот да се лечи со вбризгување на дезинфекциски средства во телата на болните, што предизвика лавина згрозувања и осуди во светот.
Трамп на прес-конференција во Белата куќа во четвртокот рекол дека би било интересно да се истражи дали може дезинфекциските средства да го убијат вирусот во организамот, исто како што го убиваат надвор.
Here's a mashup of Trump claiming today he was just asking "a very sarcastic question to the reporters in the room" when he mused about disinfectant injections as a possible coronavirus miracle cure, followed by the original clip showing beyond a doubt that he was not doing that. pic.twitter.com/wby4ucd59Q
— Aaron Rupar (@atrupar) April 24, 2020
Неговите зборови се упатени до докторката Дебора Брикс, која е координаторка на претседателската работна група за корона вирус, која како што може да се види на снимката, ни малку не доби впечаток дека се работи за сарказам, туку делува шокирано и се прави како да не го познава Трамп.
И американските медиуми напишаа дека ништо во тонот на Трамп, неговите гестови или говорот на телото, не упатува дека е саркастичен.
„Тоа беше саркастично прашање за новинарите како вас, само да видам што ќе се случи“ рекол Трамп на претставниците на медиумите на настан во Белата куќа.
Како последица на предлогот на Трамп, има зголемен број на затруени луѓе, кои се обиделе со дезинфекциски средства да го спречат корона вирусот да влезе во нивното тело.