492
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази надеж дека вкупниот број на смртни случаи во САД од последиците на новиот коронавирус нема да биде поголем од 100.000 лица, нагласувајќи дека и тоа е „ужасна бројка“.
Трамп досега повеќе пати изнесувал различни проценки за бројот на починати од Ковид-19 во САД. Според некои западни медиуми, неговите бројки често биле поголеми од реалните проценки со цел да ги оправда рестриктивните мерки воведени од неговата администрација, пред се одлуката за забрана за патувања од Кина во САД.
Американскиот претседател вчера изјави дека во текот на пандемијата на коронавирусот, „можеби милиони животи ќе бидат спасени“ благодарејќи на падот на економијата.