Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се чини дека го поддржува одговорот на Израел на масакрот на Хамас на 7 октомври.
„Само лудак или идиот не би реагирал како што реагираше Израел на 7 октомври“, го цитира таблоидот „Израел Хајом“ Трамп во пократка верзија на написот, додека целосното интервју со него ќе биде објавено подоцна денеска.
Досега, Трамп не го искажа јасно своето мислење за одговорот на Израел на нападот на Хамас во октомври, а најмногу повторуваше дека долго планираниот напад немаше да се случи доколку тој сè уште беше претседател на САД.
Веднаш по нападот, Трамп го нарече израелскиот министер за одбрана Јоав Галант „кретен“ поради предупредувањето на Хезболах. Тогаш Трамп за Хезболах, кој е прогласен за терористичка група, рече дека тие се „многу паметни“.