Трамп сака да ги повлече сите војници од Авганистан

by Fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера најави дека сака да ги повлече сите американски трупи од Авганистан, но дека се уште не донесол одлука за точниот датум.

Трамп ја даде изјавата во услови на шпекулации дека прекинувањето на војната во Авганистан ќе биде дел од неговата кампања за реизбор на претседателските избори во САД оваа есен.

– Ние сме таму 19 години, и да – мислам дека е доволно. Ние секогаш можеме да се вратиме ако сакаме, рече Трамп на прес конференција во Белата куќа.

На прашањето дали тој има цел да ги повлече трупите од Авганистан до
26 ноември, Трамп рече дека не поставил таква цел.

Поврзани новости