Американскиот претседател Доналд Трамп изненади со изјава за време на првиот состанок на неговиот кабинет во неговиот втор мандат.
Американскиот претседател рече дека САД ќе се обидат да и помогнат на Украина да врати некои од нејзините привремено окупирани територии преку преговори, пишува United24media.
– Ќе направиме се што можеме за да го направиме најдобриот договор за двете страни. Но, што се однесува до Украина, ќе се обидеме многу напорно да направиме добар договор за да можат да добијат што е можно повеќе територија. Сакаме да и вратиме што повеќе територии на Украина – рече Трамп.
Тој додаде дека рускиот лидер Владимир Путин ќе мора да направи отстапки, но не прецизираше што тие би значеле.
Оваа изјава претставува еден вид пресврт во реториката на Трамп, бидејќи тој беше прилично ригиден кон Киев и го отфрли нивното членство во НАТО алијансата, која Украина ја гледа како гарант за безбедноста и заштита од потенцијална нова руска инвазија.
Не е јасно како мисли да го спроведе тоа, а Лавров и Песков претходно изјавија дека нема да се откажат ниту милиметар од освоената територија.
Москва ги воведе Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон во уставот како делови на Русија.
Путин побара украинските сили да се повлечат од окупираните региони како предуслов за преговори.
Зеленски го отфрли тој предлог и го нарече ултиматум.
Самиот Зеленски призна дека Украина нема да може да ги врати изгубените територии без помош од Западот.