434
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека реизборот на актуелниот американски лидер Џозеф Бајден може да заврши лошо, можеби дури и со Трета светска војна, истовремено изразувајќи го своето уверување дека Бајден нема да добие уште еден мандат.
„Мислам дека нешто лошо може да се случи. Оваа земја има проблеми, ќе завршиме со Трета светска војна. Тие зборуваат за нуклеарно оружје, а ние имаме човек кој не разбира што се случува. Украина и Русија се борат и ние сме вовлечени во тоа. Тоа ќе биде катастрофа“, рече Трамп во интервју за ТВ каналот „Њузмакс“.
Трамп оцени дека неуспешната надворешна политика на Бајден ги зголеми глобалните тензии и нуклеарните преговори, пренесе Танјуг.