Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, планира да испрати тимови убијци за да ги елиминираат водачите на нарко картелите во соседно Мексико. Како што пренесува угледниот магазин „Ролинг Стоун“, повикувајќи се на три различни извори, Трамп овие планови ги претставил во разговор со своите најблиски соработници.
Тој не прецизираше детали за тоа како има намера да испрати американски војници на територијата на соседна суверена држава за да ги елиминираат водачите на нарко картелите, ниту колку ќе ги има. Трамп ја изнесе идејата во разговор со најмалку еден републикански конгресмен. Наводно, распоредувањето на американските специјални сили ќе се изврши со или без согласност на властите во Мексико Сити.
Во некои од овие дискусии, Трамп инсистираше на тоа дека американската војска има „поцврсти убијци од нив“ и се запраша зошто овие мисии за убиства не биле извршени порано, тврдејќи дека елиминирањето на шефовите на нарко-картелите во голема мера ќе ги искомплицира нивните операции и ќе предизвика страв во нивните срца.
Trump may deploy kill squads to take out cartel leaders in Mexico.
No one else is willing to solve the problem, except Trump.https://t.co/aDToDKBeXP
— Citizen Free Press (@CitizenFreePres) May 8, 2024
Портпаролот на Доналд Трамп не одговори веднаш на барањето за коментар за наводите. Како што објави „Ролинг Стоун“ минатата година, Трамп им наложил на своите политички советници да му дадат избор на воени опции за напад на мексиканските нарко картели, доколку ја освои Белата куќа.
Ова вклучуваше сценарија за потенцијални воздушни напади, напади со беспилотни летала, распоредување на американски трупи и други форми на војување за борба против водачите на големите нарко картели, кои Трамп долго време ги исмеваше како некои „лоши момци“.