Трамп: Путин треба да биде подготвен за мир, бидејќи загуби

by Fokus

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека новото е што украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен за мир, а на тоа би требало да биде подготвен и Путин, бидејќи загуби.

„Зеленски сака мир. Тоа е ново. Не сме разговарале за деталите. Тој мисли дека е време, и (рускиот претседател Владимир) Путин треба да мисли дека е време затоа што изгуби. Кога ќе изгубите 700.000 луѓе, тоа значи (дојде ) време, затоа што нема да заврши додека не дојде до мир“, изјави Трамп за New York Post.

Во интервју за њујоршкиот весник, во кое се детализирани неговите разговори со светските лидери за време на неговото прво патување во странство по победата на претседателските избори, Трамп, исто така, откри дека разговарал за НАТО со Макрон во Париз минатиот викенд, повторувајќи дека мисли оти алијансата треба да го „плати својот фер удел“.

„Реков дека НАТО е добро се додека сите си ги плаќаат сметките. Тие мора да си ги платат сметките затоа што, знаете, кога јас влегов во НАТО, никој не плаќаше, а потоа почнаа да плаќаат откако јас се приклучив. Макрон се согласува со мене“ рече Трамп.

Тој се осврна и на неговиот состанок со првата дама на САД Џил Бајден, велејќи дека нивниот разговор во катедралата Нотр Дам бил исто така позитивен, и покрај нивната долга историја на остри вербални размени во текот на два изборни циклуси.

„Не можеше да биде пољубезна. Но, тоа е политика. Мора да се навикнеш на тоа. Таа беше многу фина и имавме многу убав разговор”, заклучил Трамп.

Поврзани новости