Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша извршна наредба за зголемување на финансирањето за подобра обука на полицијата и за формирање федерална база на податоци за следење на полициското постапување.
Претседателската акција е дел од активностите на градовите и државите кои преземаат свои чекори за решавање на масовните протести на национално ниво, предизвикани од смртта на Џорџ Флојд.
Движењето „Black Lives Matter “ и активисти повикаа на целосен ремонт на системот на кривично право во земјата, бидејќи се справува со долготрајни проблеми околу полициската бруталност и расната нееднаквост.
Администрацијата вели дека извршната наредба ќе создаде база на податоци за следење на полициските службеници кои имаат поплаки за прекумерна употреба на сила во нивните записи, со цел да ги спречи да се движат од едно полициско одделение во друго. Исто така, ќе се создаде систем кој ќе им даде на полициските оддели финансиски поттик преку федералните грантови за спроведување на најдобра полициска практика за употреба на сила.