Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД, отворајќи уште еден турбулентен четиригодишен мандат со ветувања дека ќе ги помести границите на извршната власт, ќе депортира милиони имигранти, ќе обезбеди одмазда против неговите политички непријатели и ќе ја промени улогата на САД на светската сцена.
Церемонијата се одржа во 18 часот по локално време во ротондата на американскиот Капитол, четири години откако толпа приврзаници на Трамп упаднаа во Капитол во неуспешен обид да го спречат поразот на републиканецот Трамп од демократот Џо Бајден во 2020 година.
Заклетвата беше преместена во затворен простор за прв пат по 40 години поради екстремниот студ. Свечената инаугурација, која вообичаено се одржува надвор од Капитол, беше преместена внатре поради големиот студ.
Се очекува температурите да се спуштат до -11°C По полагањето заклетва, Трамп ќе и се обрати на нацијата, а потоа ќе маршира низ градот до Белата куќа. На инаугурацијата се очекуваат околу 200.000 негови поддржувачи.