Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави денеска дека победата на демократската претседателска кандидатка Камала Харис на изборите за Белата куќа во ноември ќе значи крај на постоењето на Израел.
Трамп на собир на Евреи, членови на Републиканската партија, преку видео врска, рече дека гласањето за него е единствениот начин да се спаси еврејската држава од сигурно уништување, објави „Тајмс оф Израел“.
Тој вети дека „ќе му помогне на Израел повторно да стане голем“.
Трамп тврди дека Евреите се чувствувале безбедно во јавноста додека тој бил претседател на САД, игнорирајќи го пријавеното зголемување на бројот на антисемитски инциденти за време на неговото претседателствување, пишува израелскиот портал.