Трамп по пресудата: Апсолутно немам поим која е оваа жена!

by Fokus

Откако федералната порота на Менхетен денеска донесе одлука дека Доналд Трамп сексуално ја нападнал писателката Елизабет Џин Керол во 1996 година, поранешниот американски претседател се огласи на социјалната мрежа „Вистина“.

– Апсолутно немам поим која е оваа жена. Пресудата е срамна – продолжување на најголемиот лов на вештерки на сите времиња – напиша Трамп.

Само неколку часа претходно на истата социјална мрежа Трамп ги нарече американските демократи – партија на дезинформации која го гони по сите судови.

– Демократите се партија на дезинформации. Кога ќе кажат нешто, тоа обично значи спротивно, како во случајот со претстојните избори во 2024. Велат дека сакаат Трамп да им биде противник, но не го мислат тоа. Жестоко ме гонат по сите судови затоа што не сакаат да се натпреваруваат со мене – напиша тој на „Вистина“, и додаде:

– Двапати победив, вториот пат имав подобар резултат, а сега ќе го сторам тоа по третпат – додаде Трамп.

Тој денеска беше прогласен за виновен од поротата во граѓанската тужба што Керол ја поднесе против него. Таа го тужеше за клевета и поради неговата изјава од 2022 година со која ги негираше нејзините наводи за сексуална злоупотреба.

Поврзани новости