Трамп: Ќе го поканам Зеленски назад во Белата куќа, наскоро средба со Русите

by Fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по историскиот договор меѓу САД и Украина во Саудиска Арабија.

Тој рече дека американскиот претставник денеска или утре ќе се сретне со руски претставници и се надева дека Русија ќе го прифати договорот.

Трамп потврди дека ќе го покани Зеленски да се врати во Белата куќа, додавајќи дека „сака да стави крај на војната во Украина“.

По средбата во Џеда, претставници на украинската и американската делегација дадоа заедничка изјава.

„САД веднаш ќе ја укинат паузата во споделувањето разузнавачки информации и ќе ја продолжат својата безбедносна помош за Украина“, се вели во извештајот.

Двете земји презедоа „важни чекори кон враќање на траен мир“ за Украина за време на денешниот состанок, додаде Стејт департментот.

Украина, исто така, изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД за итен, привремен прекин на огнот од 30 дена.

Двете земји, исто така, соопштија дека се согласиле да склучат договор за развој на критичните минерални ресурси на Украина.

Поврзани новости