Трамп по четврти пат номиниран за Нобеловата награда за мир

by Fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е номиниран за Нобеловата награда за мир, а за наградата го предложи републиканската конгресменка Клаудија Тени, копретседател на пратеничката група во Конгресот.

Заслугата за која Трамп ја заслужува Нобеловата награда е, според Тени, Абрахамскиот договор, за чие потпишување, републиканскиот кандидат за нов претседател, помогна додека беше на функцијата.

Таа рече дека Трамп посредувал во потпишувањето на документот од септември 2020 година меѓу Израел и Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, кој имал за цел да ги нормализира нивните односи како дел од општата резолуција за тековните тензии меѓу арапските земји и Израел. Мароко и Судан го следеа нивниот пример и потпишаа слични договори во следниот период.

„Со децении, бирократите, „професионалците“ во надворешната политика и меѓународните организации инсистираа дека дополнителни мировни договори на Блискиот Исток се невозможни без решение на израелско-палестинскиот конфликт. Претседателот Трамп докажа дека тоа е лага“, рече конгресменката Тени за Fox News.

Тени истакна дека мировниот договор на Израел со Египет од 1976 година и Договорот од Осло од 1994 година беа наградени со Нобеловата награда за мир, но улогата на Трамп во потпишувањето на Абрахамскиот договор досега не беше признаена.

„Сега повеќе од кога било, кога слабото лидерство на Џозеф Бајден на меѓународната сцена ја загрозува глобалната безбедност и безбедноста на нашата земја, мора да го препознаеме силното лидерство на Трамп и неговите напори да постигне светски мир“, рече конгресменката Тени.

Трамп трипати беше номиниран за престижната Нобелова награда за мир.

Поврзани новости