Доналд Трамп уште еднаш се огласи на платформата Truth Social.
„Врз основа на вчерашните ужасни настани, требаше да го одложам моето патување во Висконсин и републиканската национална конвенција за два дена, но само решив дека не можам да му дозволам на `стрелецот` или потенцијалниот атентатор да ме натера да презакажувам. Затоа за Милвоки ќе заминам според предвиденото во 15 часот и 30 минути. ДЕНЕС. Ви благодарам! DJT“, напиша Доналд Трамп.
Доналд Трамп му се заблагодари на Бога што му го спаси животот и вети дека никогаш нема „да дозволи злото да победи“ додека го забрзува својот пат до Националната конвенција на Републиканците.
Поранешниот претседател рече дека ќе остане „пркосен пред злобата“ неколку часа откако беше застрелан на бината на митинг во Пенсилванија.
Трамп ги повтори зборовите на Роналд Реган кој рече „Мојот живот му го должам на Бога“ откако го преживеа атентатот во 1981 година.
Вооружениот напаѓач е идентификуван како Томас Метју Крукс (20), кој отвори оган од блискиот покрив.