Трамп писмено го извести Конгресот дека ќе ја нападне Сирија

by fokus 08:07
08:07

Американскиот претседател Доналд Трамп писмено го извести Конгресот за одлуката за американските ракетни напади врз Сирија.

Според американски закони, претседателот е должен да го извести Конгресот во рок од 48 часа за такви акции.

Во писмо испратено вчера до лидерите на Конгресот, Трамп нагласува дека спроведувањето на воената акција е одговор на користењето хемиско оружје од страна на сириската Влада, вклучително и нападот од 7 април во градот Дума кој предизвикал многу цивилни жртви.

Американскиот претседател наведува дека дејствувал согласно уставните овластувања во интерес на националната безбедност и надворешната политика на САД со цел „стабилност во регионот, запирање на крвопролевањето и спречување на ширење хемиско оружје, како и спречување на хуманитарната катастрофа во регионот“.

Поврзани новости