Трамп осуден за сексуална злоупотреба

by Fokus

Федералната порота во Менхетен денеска донесе одлука дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп сексуално ја нападнал писателката Елизабет Џин Керол во соблекувална на луксузна стоковна куќа во пролетта 1996 година.

Поротата го прогласи за виновен во граѓанската тужба што Керол ја покрена против него за сексуален напад.

Керол, исто така, го тужеше Трамп за клевета поради неговата изјава од 2022 година со која ги негираше нејзините наводи.

Поротата составена од шест мажи и три жени нареди Трамп да и плати на жртвата 5 милиони долари.

 

Поврзани новости