Трамп одби да ја обелодени даночната пријава, па неговите фирми се најдоа под истрага

by Фокус

Бизнис империјата на американскиот претседател Доналд Трамп е под федерална криминална истрага.

Судија на федералниот суд го отфрли барањето на претседателот да се одложи увидот во неговите даночни пријави, што ги побара обвинителот на Менхетен во рамки на истрагата за градежните инвестиции на семејството Трамп, пренесуваат британските меидуми.

Судијата Виктор Мареро ја донесе одлуката само еден ден откако ја отфрли аргументацијата на правниот тим на Трамп во која се наведувавше дека е претерано барањето на окружниот обвинител за одржување судење пред голема порота.

Наспроти неговите претходници во Белата куќа, Трамп одби да биде транспарентен и на американската јавност да и ја претстави својата даночна пријава.

Судската постапка против Трамп беше покрената по откритието дека американскиот претседател од непријавени, наводно сомнителни финансики извори, ги поткупил поранешната порно актерка Сторми Даниел и поранешната зајачица на „Плебој“, Керен Мекдугал, по нивните тврдења дека биле во сексуална врски со него.

Поврзани новости