Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија денес беа свечено примени во Царската палата во Токио, каде што беа дочекани од новиот јапонски цар Нарухито и царицата Масако.
Трамп е првиот светски лидер кој се состана со новиот цар кој го презеде тронот на 1 мај.
САД и Јапонија планираат да соработуваат на вселенски мисии кои испраќаат астрономи на Месечината и на Марс, пишува Си-ен-ен.
„Ќе одиме на месечината“, рече Трамп, додавајќи дека наскоро ќе одат и на Марс.
Трамп пред државната вечера присуствуваше на билатерална средба и работен ручек во Палатата Акасака со премиерот Шинзо Абе со кого ќе разговара за трговијата, Северна Кореја и Иран.
Американскиот претседател е во државна посета на Јапонија, која е во сенка на тензиите меѓу двата сојузници. Трамп е незадоволен од големиот јапонски трговски суфицит и размислува за воведување повисоки царини на извозот на јапонски автомобили ако не се постигне билатерален трговски договор.