Трамп: Обвинението против мене е травестија на правдата, никогаш нема да ме уапсат

by fokus

Доналд Трамп вчера го одржа своето прво јавно обраќање по објавувањето на обвинението против него.

Поранешниот американски претседател излезе на сцената на државните републикански конвенции во Џорџија и Северна Каролина, каде што го нападна Министерството за правда, ФБИ и администрацијата на Бајден, а неговото  обвинение го нарече „травестија на правдата“. Тој ги повтори своите тврдења дека Џо Бајден имал скриени тајни документи во населбата Чајнтаун во Вашингтон.

„Мораме да им се спротивставиме на радикалните леви демократи, нивните незаконски партизани обвинители… Секој пат кога летам над сина држава, добивам судски повик“, рече Трамп на почетокот на говорот.

„Сè ставив на линија и никогаш нема да попуштам. Никогаш нема да бидам уапсен. Никогаш нема да престанам да се борам за вас“, додаде тој.

Обвинението, објавено во петокот, го товари Трамп за 37 кривични дела поврзани со собирање доверливи документи на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида. Обвинението вклучува и наводи дека Трамп, меѓу другото, чувал документи во балската сала и бањата на неговата палата.

Поврзани новости