394
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не барал атентат врз сирискиот лидер Башар ал- Асад, оспорувајќи ги наводите од книгата на Боб Вудворд „Страв: Трамп во Белата куќа“.
Трамп на новинарите им рекол дека за можноста за атентат на Асад „никогаш не ни било разговарано“.
-За тоа никогаш не се ни размислувало, ниту ќе се размислува, изјави Трамп, со оценка дека книгата на Вудворд е „фикција“.
Американскиот новинар Вудворд напиша во книгата дека Трамп минатата година сакал Асад да биде убиен, но министерот за одбрана Џејмс Матис го игнорирал неговото барање.