501
Американскиот претседател Доналд Трамп нема коронавирус, информираат од Белата Куќа.
Претходно, денеска на прес-конференција, претседателот Трамп појасни дека побарал да биде тестиран, откако имал контакт и се ракувал со голем број луѓе на конференција на која имало најмалку двајца заболени од коронавирусот.
Белата куќа најави дека ќе ја мери температурата на „сите во близок контакт“ со американскиот претседател Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, како мерка на претпазливост против ширењето на Ковид-19.