Американскиот претседател Доналд Трамп ги помешал Балтикот и Балканот во разговор со водачите на Естонија, Летонија и Литванија. Како што пишува „Ле монд“, Трамп во април се состанал со првите луѓе на балтичките земји и ги обвинил дека се одговорни за војната во Југославија.
Лидерите биле збунети кога слушнале за обвинувањата, но брзо сфатиле што се случува. Американскиот претседател, и покрај тоа што има жена Словенка, изгледа нема поим каде се наоѓа Балканот.
Белата куќа засега нема коментар за овие тврдења.
In today’s @lemondefr: When #Trump received the leaders of #Estonia, #Latvia and #Lithuania, he began by blaming them for the war in Yugoslavia. It took them a few moments to realise he’d mixed up the Balkans and the Baltics. @SylvieKauffmann pic.twitter.com/HYQYpbqgGs
— Mark Lowen (@marklowen) November 10, 2018