301
Екс претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека не се плаши да заврши во затвор бидејќи, според него, кривичната постапка против него е лажна.
„Мислам дека тоа нема да се случи. Секој случај е измама“, рече Трамп во разговор со водителот Глен Бек.
Тој додаде дека го прогонуваат „лоши и болни луѓе“.
„Сега имам повеќе поддржувачи од кога било“, порача Трамп.
На прашање дали жали што не ја уапси Хилари Клинтон додека беше претседател тој рече: „Одговорот е дека немаме избор бидејќи тие ни го прават тоа на нас“.
Против Трамп годинава се поднесени четири обвиненија, од кои две се однесуваат на наводен обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година.