Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека без американската финансиска помош, Канада ќе престане да постои како остварлива земја.
„Плаќаме стотици милијарди долари за субвенционирање на Канада. Зошто? Нема причина. Не ни треба ништо што тие имаат. Имаме неограничена енергија, треба да правиме свои автомобили и имаме повеќе дрва отколку што можеме да користиме. Без огромни субвенции, Канада ќе престане да постои како остварлива земја, но вистинита“, напиша Трамп.
Претходно Трамп потпиша извршна наредба за дополнителни царини за стоки од Канада во износ од 25 отсто. Новите тарифи стапуваат на сила на 4 февруари. Канадските власти одговорија со воведување слични царини за американски стоки.
Трамп на почетокот на јануари рече дека би било добро Канада да се спои со САД и дека „многу луѓе во Канада би сакале да ја видат таа да стане 51-та држава на САД“.
„Многу луѓе во Канада би сакале да бидат 51-та земја. Соединетите држави повеќе не можат да ги толерираат големите трговски дефицити и субвенции кои и се потребни на Канада за да опстане. Џастин Трудо го знаеше тоа и поднесе оставка. Ако Канада се спои со САД, нема да има тарифите, даноците би биле многу помали и би биле целосно безбедни од опасностите на руските и кинеските бродови кои постојано ги опкружуваат, каква голема нација би била тоа“, рече тогаш Трамп.
Од друга страна, според последното истражување, мнозинството Канаѓани (77 проценти) силно или донекаде се противат нивната земја да стане дел од САД.
Од друга страна, околу 42 отсто од Американците се против спојувањето на двете земји, додека 36 отсто се за тоа.
Во двете земји има мал процент на оние кои мислат дека тоа би бил лесен процес.