Министерот за правда на САД, Вилијам Бар, објави дека истрагата на специјалниот советник Роберт Милер покажала дека за време на кампањата за претседателските избори, нема докази дека Доналд Трамп и неговите советници соработувале со Русија во обид да се наместат претседателските избори во 2016 година.
– Специјалниот совет не најде докази дека Американци или претставницни на кампањата на Доналд Трамп официјално соработувале или се координирале со Русија – напиша јавниот обвинител Вилијам Бар.
Претходно, во истрагата на Милер беше на затворска казна беше осуден Пол Манафорт (поранешен прв човек на претседателската кампања на Трамп) за финансиски малверзации, вина признаа Мајкл Коен (поранешен адвокат на Трамп) за финансиски малверзации, Мајкл Флин (национален советник за безбедност) дека ги излажал ФБИ, Рик Гејтс (вработен во кампањата на Трамп) чека пресуда за финансиска измама и лажење на ФБИ, а затворска казна добија и Алекс ван дер Зван и Џорџ Пападопулос за лажење во ФБИ и Ричард Пинедо за крадење на идентитет.
Дополнително, обвинети се и советникот на Трамп кој долги години соработуваше со него, Роџер Стоун, 13 руски државјани (заговор за проневера врз САД) , 12 руски офицери (за хакирање) и Константин Килимник (поранешен помошник на Манафорт) за попречување на правдата.