Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека е имун на коронавирусот, но оваа негова објава беше означена дека ги нарушува твитер-правилата за спречување на ширењето на погрешни и евентуално опасни информации.
-Целосен и конечен заклучок од лекарите во Белата куќа вчера. Ова значи дека јас не можам да го добијам (имун сум) и не можам да го пренесам. Добро е да се знае, напиша Трамп.
Но, според правилата на Твитер оваа негова објава е потенцијално опасна бидејќи ги наведува луѓето на лажно информирање и потенцијално опасни информации за ковид-19.
– Овој „твит“ ги нарушува правилата на Твитер за ширење на погрешни и потенцијално опасни информации поврзани со Ковид-19. Но, и покрај тоа, Твитер одлучи дека може да биде од јавен интерес оваа објава да остане достапна, пишува во забелешката на објавата на американскиот претседател.