На средината на идниот месец ќе биде потпишан нов трговски договор помеѓу САД и Кина, изјави во вторникот американскиот претседател, Доналд Трамп. Тој исто така рече дека после тоа ќе отпатува за Кина за дополнителни разговори.
-Јас ќе го потпишам нашиот голем и сеопфатен договор за трговија. Првата фаза со Кина ќе биде потпишан на 15 јануари- напиша Трамп на Твитер, неколку часа после отворањето на “Волстрит“.
-Церомонијата ќе се одвива во Белата куќа. Високи преставници на Кина ќе бидат присутни- додаде Трамп, пренесува Гласот на Америка.
Најавите за догворор, и омекнувањето на трговскиот конфликт, придонесоа во “Волстрит“ да има придвижување овој месец. Двете страни на почетокот на овој месец најавија договор за “Првата фаза„ на нивната речиси две годишна трговска конфронтација.
Текстот на договорот сè уште не е познат за јавноста, бидејќи се прават последните контроли дали се е во согласност со законите, велат американски претставници. Американски и кинески официјални лица рекоа дека договорот вклучува заштита за интелектуална сопственост, храна и земјоделски прозиводи, финансиски услуги, како и одредба за решавање на споровите.