519
Американскиот претседател Доналд Трамп го испрати за ратификација во Сенатот протоколот за присоединување на Северна Македонија во НАТО, соопшти Белата куќа.
Во писмото на Трамп до Сенатот се наведува дека Северна Македонија е цврст партнер на САД во сферата на безбедноста, и нејзиното членство во НАТО ќе биде биде од значење за стратешките интереси на САД и Алијансата.
„Северна Македонија е доверлив партнер на САД во сферата на безбедноста и од нејзиното членство во НАТО ќе имаат директна корист стратешките интереси на САД и НАТО Алијансата.“, стои во писмото на Трамп
Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО беше потпишан до земјите членки на Алијансата на 6 февруари 2019 година во Брисел.