Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека би можел кривично да го гони актуелниот претседател Џо Бајден доколку се врати во Белата куќа.
Оваа изјава на Трамп следи откако судиите на Апелациониот суд во Вашингтон изразија скептицизам во врска со тврдењата на поранешниот претседател дека е имун од кривични пријави за обид за поништување на изборите во 2020 година.
Републиканските адвокати се обидоа да ги убедат тројцата судии дека федералниот кривичен случај кој го товари Трамп за изборна субверзија треба да биде отфрлен пред почетокот на судењето во март.
Трамп рече дека доколку се дозволи случајот против него да продолжи, и тој би можел да го гони кривично демократот Бајден доколку победи на претседателските избори во ноември.
„Ако јас не добијам имунитет, тогаш корумпираниот Џо Бајден нема да добие имунитет. Џо би бил зрел за импичмент“, рече Трамп во видеото објавено на социјалните мрежи.
Трамп, кој загуби од Бајден на изборите во 2020 година, во моментов има предност пред неговите ривали за републиканската претседателска номинација. Првата кривична пријава против него беше објавена во март минатата година.